Ова е дизајнерката со која Канје Вест тајно се ожени

од Nikola Popovski
189 прегледи

Контроверзниот американски рапер Канје Вест претходно оваа недела се ожени со дизајнерката Бјанка Ченсори, една од вработените во неговиот моден бренд.

Оваа вест доаѓа само два месеци откако Канје официјално стави точка на разводот со Ким Кардашијан и во време кога речиси цел свет му сврте грб поради неговите антисемитски ставови на социјалните мрежи.

Некои американски медиуми се обидуваат да дознаат што повеќе за тајната венчавка, па стигнаа и до семејството Ченсори, но Канје очигледно на време им објасни на сите дека треба да замолчат.

-Тоа е многу возбудлива вест и за мојата сестра и за семејството, но решивме засега да ја почитуваме приватноста на Канје и Бјанка, изјави неодамна сестрата на дизајнерката за „Хералд Сан“.

Во физичка смисла, Бјанка неодоливо потсетува на Ким, со која Канје има четири деца.

Слични содржини