Ова е конечниот предлог за резолуција за Сребреница што беше испратен до Обединетите нации

од Илинка Илиоска
292 прегледи

Конечниот предлог на резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница е испратен до претседателот на Генералното собрание на ОН Денис Френсис и до сите постојани мисии во ОН, објави амбасадорот на Босна и Херцеговина (БиХ) во ОН Златко Лагумџија.

„После неколку рунди инклузивни консултации, конечниот предлог на Резолуцијата „Меѓународен ден на сежавање и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година“, од страна на „крос-регионалната основна група“, испратен е до претседателот @UN_PGA и сите постојани мисии во ОН“, напиша Лагумџија на 1 Мај доцна навечер на X.

Во конечниот предлог на резолуцијата, која од Меморијалниот центар Поточари беше проследена до Радио Слободна Европа, се наведува одлуката на ОН „11 јули да се прогласи за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница во 1995 година, кој ќе се слави секој година“.

ОН, како што се наведува во текстот, „без резерва го осудуваат секое негирање на геноцидот во Сребреница како историски настан и ги повикуваат земјите-членки да ги зачуваат утврдените факти, вклучително и преку нивните образовни системи, преку развивање соодветни програми, исто така како знак на сеќавање, со цел да се спречат фактите за негирање и искривување, како и појава на геноцид во иднина“.

„Исто така“, се наведува понатаму, ОН „безрезервно ги осудува дејствијата кои ги величат осудените за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид од страна на меѓународните судови, вклучително и оние кои се одговорни за геноцидот во Сребреница“.

Документот исто така, ја нагласува важноста од завршување на процесот на пронаоѓање и идентификување на преостанатите жртви на геноцидот во Сребреница и нивно достоинствено погребување и повикува на продолжување на гонењето на оние извршители на геноцидот во Сребреница кои допрва треба да се соочат со правдата .

Резолуцијата „ги повикува сите држави целосно да ги почитуваат своите обврски од Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид, како што е применливо, и меѓународното обичајно право за спречување и казнување на геноцид со должно почитување на релевантните одлуки на МСП “.

Слични содржини