Новак Ѓоковиќ минатата недела во Тел Авив ја освои 89-тата АТП титула во кариерата, но во текот на неделата имаше средба и со познатиот „читач на мисли“ Лиор Сучард. И додека во јавноста веќе се појави видео од Новак во неверување пред неговите трикови, тоа не беше крајот.
Ѓоковиќ во меѓувреме замина со финалистот од Тел Авив и добар пријател Марин Чилиќ на патување во казахстанскиот Нур-Султан на следниот турнир на кој учествуваат оваа недела, Астана опен.
А таму, српскиот тенисер имаше интересна средба со триковите на Сучард, поради која тој опцу!
Ѓоковиќ веќе го видовме шокиран откако Сучард го откри точното име на личноста на која мисли Новак, а сега на социјалните мрежи се појави уште едно видео. На него Ѓоковиќ морал да пресмета нешто на телефон, за со кликнување на знакот за еднаквост, калкулаторот да го покаже бројот 710.104.
. @DjokerNole & @LiorSuchard, the mentalist! 😁😂
Take a look, it’s fascinating haha!
📸: https://t.co/G7Lk0CLWcj pic.twitter.com/zZSJAJFFhT
— Julie 🇫🇷🇬🇧 (@NDjokofan) September 30, 2022
Ноле прво се збунил и му рекол на Лиор дека таа бројка не му значи многу. Но, кога Сучард покажа белешка со истиот број на неа, Новак почна да обрнува повеќе внимание. Но, вистинската финта беше тоа што Израелецот го напиша споменатиот број на хартијата така што кога ќе се преврти наопаку пишува „Новак“. И тоа целосно го „освои“ Ѓоковиќ.
„Neeeee, јe**te“, рече Новак, а потоа се фати за уста, сфаќајќи дека опцул.
„Ова е лудо, дали е ова реално? Се шегуваш“, со неверување рекол Ѓоковиќ.
Here’s another one of @DjokerNole & @LiorSuchard & Novak’s reaction 😂😂😂😂😂😂
📸: https://t.co/EjxHuX2y70 https://t.co/mXMIU1GKyl pic.twitter.com/Ei3X3XwP1k
— Julie 🇫🇷🇬🇧 (@NDjokofan) October 3, 2022