Ова е најдобриот доказ за трансферот на Мбапе во Реал!

од Vladimir Zorba
371 прегледи

Пред околу една година се појави информација дека сопругата на Хари Кејн отпатувала за Минхен и барала куќа, a сè подоцна се потврди со трансферот на овој одличен напаѓач во Баерн.

Сега слична приказна, Килијан Мбапе бара куќа во Мадрид, причината е неговиот иден трансфер во кој се помалку се сомнева некој.

Ќе си замине од ПСЖ и тоа е сигурно, а каде ќе ја продолжи кариерата нема прашање бидејќи веќе на сите им е јасно дека тоа ќе биде Реал Мадрид.

Според информациите на „Лекип“, Серхио Рамос, неговиот клупски колега од претходните сезони, му помага да најде куќа во Мадрид.

Ако некој имал дилема, се чини дека сега ја нема…

Слични содржини