Ова е најмоќното Ferrari во историјата, објавена е и цената

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Верувале или не, најновото Ferrari има неверојатни 1200 КС.

Традицијата на лансирање на хиперспортски Ferrari продолжува. Светото тројство е обновено. McLaren неодамна го лансираше својот адут, а сега ни беше претставен и духовниот наследник на LaFerrari. Приврзаниците чекаа осум години за наследникот и сега добија шанса да го поседуваат.

Тоа ќе ги чини 3,6 милиони евра, а првиот примерок ќе биде произведен во рок од една година. Производството ќе трае до 2027 година, а планирано е да се произведат точно 799 примероци. Звучи како добра инвестиција.

Сега е време да се каже дека новото Ferrari се вика F80, а името нема никаква врска со моќта на погонот. Имено, се работи за хибрид придвижуван од V6 бензински мотор со дури 900 КС, а дополнителните три електромотори го подигнуваат максимумот на 1200 КС.

За разлика од претходните хибриди од Ferrari, овој модел не може да вози само на струја. Постојат режими на возење Hybrid, Performance и Qualify, а официјалните податоци посочуваат дека тој достигнува 100 km/h за 2,15 секунди со максимална поставена на повеќе од 350 km/h.

Ќе нагласиме дека електричните мотори беа развиени од Ferrari целосно независно врз основа на искуството од Формула 1. Погонот, како и секој друг дел, вклучувајќи ја и карбонската шасија, беа дизајнирани имајќи ги предвид перформансите. Се друго е споредно.

Клиентот може да смета на целосно електронска логистика и, што е важно, дури и 1000 kg потисна сила при 250 km/h. Да додадеме дека поседува врвни гуми од Michelin и Brembo CCM-R Plus сопирачки скриени зад тркалата.

Слични содржини