Ова е омилениот телефон на затворениците- може да се шверцува без мака

од desk4
108 прегледи

Long-CZ, тежи само 18 грама, долг е 68 милиметри и широк 23 милиметри. Доволно е мал да може да се внесе во затворска келија. Се продава по пат на интернет и чини 31 евро.

mal-telefon-640x432

„Мобилните лесно можат да се прокриумчарат, а затворениците картичката ја кријат во уста или ја голтаат. Мобилните се направени од пластика‟ – изјавил еден затвореник од Ирска.Со овој уред во ирските затвори е намален бројот на одземени мобилни телефони, но тие сепак измислуваат нови начини како да ги прокриумчарат.

„Beat the Boss phones‟ е слоганот се однесува на тоа дека ирските затвори имаат скенери кои не ги регистрираат овие мобилни телефони.