Ова е првиот албански суперавтомобил (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
300 прегледи

Извесен Ќендрим Тачи од Албанија објави неколку фотографии кои го прикажуваат изгледот на идниот албански суперавтомобил – „Illyrian Pure Sport“.

Автомобилот нема да остане само идеја, туку Тачи навистина планира да го претвори во реалност, за што ќе биде задолжена компанијата „Arrera Automobili“.

Па така, ако и кога проектот ќе биде завршен, „Illyrian Pure Sport“ ќе стане првиот албански суперавтомобил според меѓународните стандарди, пишува „Motor1“.

„Illyrian Pure Sport“ гледа на италијанските модели со своите решенија за дизајн, а неговата каросерија ќе биде изработена од јаглеродни влакна.

Техничките карактеристики говорат дека овој суперавтомобил ќе биде опремен со 6.2 литарски twin-turbo LT2 V8 мотор кој ќе продуцира 850 КС. До стотка ќе забрзува за само 2,7 секунди додека пак максималнатабрзина која ќе може да ја постигне изнесува 375 км/ч.

Слични содржини