Убавината на женското тело е прашање на перцепција, но индустријата наметнува совршени мерки кои ја диктираат модата. До неодамна, се верувало дека формулата е 90-60-90 – соодносот помеѓу колковите, половината и градите. Посакуваната висина за овие мерки е над 170 см.
Новите идеални мерки сега се 99-63-91, со раст од 168 см, според експертите од Универзитетот во Тексас. Ова значи дека новите совршени дами се многу побуцкасти отколку што некогаш биле. Особено во областа на задникот.
Британската убавица, Кели Брук, е модел кој совршено се вклопува во овие мерки. Нејзините пропорции се совпаѓаат токму со овие. 39-годишната Кели нема хируршка корекции, нешто со што се гордее.
Бринетата, сепак, вели дека постојано била подложена на потсмев поради нејзиното тело и редовно ја посочувале дека е „мрсничка“.