Во Американската федерална комисија за комуникации пристигнале најмалку 1.300 жалби од гледачи кои се жалат од настапот на полувремето на Супербол на Џенифер Лопез и Шакира.
Граѓаните сметаат дека играњето на шипка, провокативните танци и наводните сексуални алузии се прикажување на порнографска содржина без претходно да биде најавено дека се работи за 18+ сцени.
Некои од жалбите дошле од родители кои се пожалиле дека нивните деца биле изложени на „порно програма“.
Некои пак биле вознемирени дека пред овој настап, кој според зборовите на гледачите, бил помалку музички, а повеќе како настап од стриптиз клуб, немало никакво јавно предупредување.
Гледачите ширум Америка напишале бројни навреди на сметка на изгледот и настапите на популарните пејачки, а ова се само некои од нив.
Тие сметаат дека настапот бил експлицитен, провокативен, порнографски, непристоен за деца и дека пејачките често алудирале на сексуални пози.
Супербол го следеа 102 милиони гледачи на неколку канали и преку интернет, според податоците на Фокс.