Сите се прашуваат во што е тајната на добриот изглед на Лепа Брена, а таа сега откри како изгледа нејзиното мени. Лепа Брена во 62. година плени со изгледот и убавината. Освен тоа, има толку енергија што на секој концерт игра цело време со нејзините најголеми хитови. Меѓутоа, не би имала витка линија ако не е дисциплинирана кога е во прашање исхраната, но има и еден трик кога сака да ослабне.
„Наутро редовно пијам топла вода со неколку капки лимон. Освен тоа следува лесен оброк, обично смути. За водата со лимон се верува дека прави чуда од рано наутро – го зајакнува имунитетот, ја стимулира работата на мозокот, го подобрува варењето“, вели една од балканските музички ѕвезди, која секогаш е искрена кон својата публика.
Брена, исто така, нагласува дека избегнува млеко и млечни производи, освен кефир, а лебот воопшто и не го јаде