📽 Некогаш Нада Топчагиќ, сега Брена: Еве кој хит му го отсвирија на Ибрахимовиќ во Санремо

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ беше ѕвезда и на овогодинешниот Санремо.

Синоќа се одржа италијанскиот фестивал Санремо на кој пред три години се слушаше ритамот на песната „Јутро је“ од Нада Топчагиќ.

Сега од сцената на музичкиот фестивал се слушна хит на друга пејачка од овие простори – Лепа Брена.

Станува збор за песната „Луда за тобом“ која Брена ја сними во 1996 година и која беше придружена со интересно видео во кое пејачката се трансформира од секунда во секунда, па ја гледаме како бринета, русокоса, со залижана коса и локни.

Слични содржини