Не е ниту, храна ниту пијалок, три збора се магични кои ќе запалат во секое време и кај секој маж, предвидуваат психотерапевтите.

Те сакам веднаш – ова се трите магични зборови кои секој маж е подготвен да ги слушне во секоја ситуација. Доколку ја изговорите таа реченица додека му ги откопчувате панталоните ќе се случи чудо. Но, ако ја изговорите на неочекувано место, на пример додека излегувате од кино – тој дефинитивно ќе полуди.
– Речениците кажани надвор од контекст, односно кога тој најмалку ги очекува, се вистински афродизијак за мажите , тврди Стефен Џонсон, психотерапевт и директор на „Менс центар“ во Лос Анџелес.
Кога мажот е еротски изненаден, неговиот мозок ослободува ендорфини и невротрансмитери кои ја зголемуваат трансмисијата на импулси, односно влијаат на расположението и поттикнуваат сексуална желба“ , додава Џонсон.

Според него постои уште една позитивна работа од оваа мала реченица е нејзината двосмисленост, што на мажите им остава простор за бујни фантазии, но трикот е во тоа реченицата стратешки да ја изговорите, во вистинскиот момент. Со тоа ќе ја нагласите вашата решителност да му приредите вистинска забава.