Ова е згодната Србинка поради која фудбалерот на Реал го напушти карантинот

435 прегледи

Српските медиуми пишуваат дека Лука Јовиќ, фудбалерот на Реал Мадрид, побегнал од карантинот во Мадрид и дошол во Белград на роденденот на својата девојка, српската манекенка Софија Милошевиќ. Наводно, во Белград тој дошол до приватен авион, а на влезот во земјата добил решение за самоизолација.

И таа одредба, наводно, тој ја прекршил, а со своето однесување на налутил српската премиерка Ана Брнабиќ.

Лука Јовиќ е во врска со Софија од летото минатата година. Отпочеток ја криеле врската, а Софија се смета за една од најубавите жени во Србија.

https://www.instagram.com/p/B9mrlhLKwTg/

https://www.instagram.com/p/B8v4F9FopKq/

https://www.instagram.com/p/B8o7PZkozk-/

Слични содржини