Ова го договорија Порошенко и Путин, утре генералите ќе договараат контрола на примирјето

од desk3
92 прегледи

Утре ќе има важен состанок на шефовите на генералштабовите на руската и украинската армија, објави во Минск Петро Порошенко. Тој додаде дека највисоките генерали ќе договараат контролата за почитување на прекинот на огнот, договорено од “нормандиската четворка”.

PORO

 

Стана јасно дека од лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина се потпишани два главни документи. За тоа соопшти на својата страница на Фејсбук заменик-шеф на администрацијата на украинскиот претседател Валериј Чалиј. Првиот е “Комплекс од мерки за исполнување на Минскиот договор ” и “Политика за одржување на прифатените договори”.

Во првиот документ се предвидува обновување на социо-економските врски меѓу Киев и областите на Донецк и Луганск, вклучувајќи ја и исплата на пензиите на луѓето кои живеат таму. Предвидено е и плаќање на комуналните трошоци, како и обновување на оданочувањето на поединците и фирмите во овие области врз основа на постојното во Украина законодавство.

Украина ќе го врати управувањето на банкарските операции во двете области, а во оваа насока е можно да биде создаден и меѓународен механизам за нормално функционирање на банкарските транскации.

Во догворот се предвидува и амнестија  на учесниците во украинскиот конфликт од кривична одговорност .
Во декларацијата по средбата се вели дека учесниците во настаните во источна Украина не треба да бидат предмет на прогон, казни и дискриминација.

. Се очекува уште Киев да помогне за прекуграничната соработка на областите во двете области со Русија.
Во документот е содржана и можноста за создавање на народни милиции по одлука на локалните власти со цел одржување на редот.

Предвидено е и испраќање на хуманитарна помош во Донецк и Луганска како од украински, така и од меѓународни извори.