„Ова не е твоја земја, ти не си мој крал!“: Кралот Чарлс го заврши својот говор во Парламентот, а потоа бесна политичарка го обвини за геноцид

од Nikola Popovski
156 прегледи

На вториот ден од неговата официјална посета на Австралија, британскиот крал Чарлс III се соочи со непријатност веднаш откако го заврши својот говор во австралискиот парламент, бидејќи независната сенаторка Леа Торп почна да извикува „Ти не си мој крал“.

Торп ја прекина церемонијата во Канбера извикувајќи „Ти не си мој крал“ цела минута, а потоа интервенирало обезбедувањето и ја одвело, јавува Би-Би-Си.

Кралот штотуку ја напушти говорницата за да ѝ се придружи на кралицата Камила, која седела на бината, кога сенаторката Торп почнла да вика и се приближила до говорницата од задниот дел на парламентарната сала.

Откако изнела обвинувања за геноцид врз „австралискиот народ“, таа можела да се слушне како вика: „Ова не е твоја земја, ти не си мој крал“.

Церемонијата завршила без да се спомене инцидентот, а кралската двојка се упатила кон излезот од зградата на Парламентот за да се сретне со насобраните граѓани.

Слични содржини