Најбрзите начини за лупење печени пиперки за ајвар

од Stefanija Kuzmanovska
277 прегледи

Трикови за лупење пиперки би можеле да ви ја олеснат работата околу подготовка на ајвар.

Доколку и вие дома подготвувате ајвар, не е лоша идеја да знаете одредени трикови како на најлесен начин да ги излупите пиперките пред да се одлучите за следниот чекор.

Еден од најлесните начини за лупење пиперки е трикот со пластична кеса.

Имено, кога ќе се испечат пиперките, веднаш префрлете ги во пластична кеса и затворете ја. Оставете ги во кесата околу 10 до 15 минути. Откако пиперките ќе зафатат пареа, можете лесно да ги излупите.

Друг начин за лупење пиперки бара малку повеќе време, а тоа е да ги ставите во замрзнувач неколку часа по печењето.

Откако ќе ги извадите од замрзнувачот, потребно е да ги ставите во најлонска кеса која веднаш ќе ја ставите под млаз топла вода. Држете ги пиперките под млаз вода не повеќе од 10 секунди и можете веднаш да почнете да ги лупите.

Доколку не сакате да користите пластични кеси, пиперките можете да ги излупите и така што ќе ги покриете со крпа или во тенџере со капак веднаш по печењето и ќе бидат спремни за лупење по 15 минути. Овде треба да бидете свесни дека изгорениот дел од пиперката ќе остави траги на вашата крпа.

Слични содржини