Spotfy Wrapped, како и секоја година, откри кои се најслушаните изведувачи на популарната платформа за стриминг музика.
На врвот е мегапопуларната поп ѕвезда Тејлор Свифт, која собра 26,1 милијарди слушања на платформата од први јануари. Свифт успеа да го симне од тронот Бед Бани, кој три години по ред доминираше како најстримуван уметник. Порториканскиот рапер годинава се најде на второто место.
По нив следуваат двајца канадски уметници, The Weeknd и Дрејк, а на 5-то место е мексиканскиот пејач Песо Плума. Во топ 10 се најдоа и колумбискиот пејач Феид, раперот Тревис Скот, поп пејачката СЗА, колумбиската поп ѕвезда Карол Џи и пејачката Лана Дел Реј.
Свифт го прослави својот успех исполнувајќи ја желбата на обожавателите. Имено, таа на Spotify ја објави песната You’re Losing Me, која досега можеше да се слушне само на една од верзиите на нејзиниот албум Midnights, која можеше да се купи само во САД.
„Сакам само да им се заблагодарам на сите што ја слушаа мојата музика оваа година, каде било во светот. Да се биде прогласен за најдобар уметник на Spotify за 2023 година на глобално ниво е навистина најдобриот роденденски/празничен подарок што можевте да ми го дадете“, изјави Свифт, која го прослави својот роденден на 13 декември.