Ова се политичарите на “црната листа” на Русија, Европјаните критикуваат…

од desk3
114 прегледи

Европски политичари ја критикуваа црната листа со 89 лица, на кои им е забрането да влегуваат во Русија, пренесоа агенциите.

article1886_1394784791.w_l

Москва одби неколку европски политичари да ја посетат Русија во последниве месеци, повикувајќи се на доверлива црна листа на лица на кои им е забрането да влегуваат на руска територија, но не даде информации за листата.

Вчера сепак почнаа да се појавуваат детали, неколку дена откако Русија одби да го пушти во земјата германскиот пратеник Карл-Георг Велман, кој е познат критичар на активностите на Русија во украинскиот конфликт. Велман е претседател на германско-украинската парламентарна група и експерт за Русија од страна на владејачката Христијанско унија на канцеларот Ангела Меркел во парламентарната комисија за надворешни работи.

“Имајќи предвид дека руските власти се одлучиле да ја споделат листата, ние немаме никаква друга информации за законската основа, критериумите и процесот”-изјави денеска надворешнополитичка портпаролката на ЕУ.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека листата нема да ги поддржи напорите за решавање на “напорниот и опасен конфликт” во источниот дел на Украина.

“Не мислам дека е особено паметно да се изрекува таква забрана за влез”, коментираше Штајнмаер во источниот украински град Днепропетровск.

Берлин побара објаснување од Москва, соопшти Министерството за надворешни работи, додавајќи дека луѓето во списокот имаат право да знаат зошто биле вклучени, за да можат да преземат соодветни правни дејства.

Во листата влегуваат осум државјани на Германија – пратеникот во Бундестагот од ХДЗ Карл-Георг Велман, заменик-претседателот на фракцијата ХДЗ / ЦСУ во Бундестагот, Михаел Фукс, европратениците од Зелените Ребека Хармс и Даниел Кон-Бендит, генералниот секретар на Советот на министри на ЕУ Уве Корсепиус, државниот секретар во Министерството за одбрана на Германија Кетрин Зудер, членот на ЦСУ Брент вПоселт и командантот на воздухопловните сили на Германија, генерал-полковник Карл Мјулнер.

Вклучени се исто поранешниот британски вицепремиер Ник Клег, поранешниот еврокомесар за проширување Штефан Филе и францускиот интелектуалец Бернар-Анри Леви, како и високи европски воени претставници.

Во руската црна листа се и двајца поранешни министри за надворешни работи на Данска – Пер Стиг Молер и Лен Есперсен, а исто така и шефот на военото разузнавање Томас Аренкил и лидерот на десничарската Партија на Данците Даниел Карлсен.

Данскиот премиер Марк Рјуте го потврди присуството на листата. “Ние го отфрламе овој приод на Москва и веќе ја известивме за тоа”, истакна Рјуте во Хаг.

“Оваа листа не е добра вест за односите меѓу ЕУ и Русија”, коментира европратеникот од Зелените Ребека Хармс. Таа е насочен против политичари кои водат кампањи за Украина и за човековите права, демократијата и граѓанското општество во Русија, додаде таа.

“Очигледно (рускиот претседател) Владимир Путин гледа во критиките против авторитарниот пристап како на закана за својата власт”, истакна уште Ребека Хармс.