Без разлика дали сте во прегратките на партнерот или поздравувате пријател што не сте го виделе одамна, тоа чувство на топлина е најубавото нешто што можете да го почувствувате.
Затоа подолу ќе видите седум причини зошто треба повеќе да се прегрнуваме и како прегратката влијае врз нас.
Прави да се чувствуваме добро
Кога гушкаме некого, хормонот окситоцин се ослободува во нашето тело, што прави да се чувствуваме добро и пријатно однатре. Познато е дека окситоцинот прави да се чувствуваме посветени и да веруваме некому.
Има ефект на намалување на крвниот притисок
Хормоните што се ослободуваат во вашето тело за време на прегратка не само што влијаат на тоа како се чувствувате добро, туку исто така активираат рецептори кои испраќаат сигнали до делот од мозокот што влијае на намалување на крвниот притисок.
Прегратката е добра за нашето срце
Го знаете тоа чувство кога гушкате некого и чувствувате колку ви е топло срцето? Истражувањата покажаа дека луѓето кои го имале ова чувство цел живот имаат нормално чукање на срцето, додека кај луѓе кои ретко се гушкаат, срцевиот ритам може да се забрза.
Прегратката е природен начин за ослободување од стресот
Се чувствувате исцрпено и депресивно? Веднаш пронајдете некој да се прегрне бидејќи во тој случај се ослободува хормонот кортизол во нашето тело, што доведува до намалување на напнатоста во телото и испраќа смирувачки сигнали до мозокот.
Бебињата кои повеќе се гушкаат ќе бидат помалку под стрес кога ќе пораснат
Истражувањата покажаа дека бебињата кои имаат поголемо внимание од нивните родители и кои честопати чувствуваат нежна прегратка, кога ќе пораснат, имаат помали шанси да бидат под стрес. Комбинацијата на природа и воспитување им олеснува на бебињата да се справат со стресните ситуации кога ќе пораснат.
Чувството на страв се намалува
Студиите покажаа дека прегратките и нежните допири можат да го намалат стравот од смрт. Допирот е многу моќен механизам кој, дури и кога е симулиран од друга личност, може значително да влијае на чувството на страв кај луѓето.