Ова се терористите кои извршија напад во Русија, двајца синови на функционер

од Milan1
927 прегледи

По терористичките напади во Дагестан, во кои загинаа 8 полицајци, а најмалку 12 лица беа ранети, руските медиуми јавуваат дека се идентификувани терористите кои го извршија нападот. Станува збор за Осман и Адил Омаров.

– Во нападот на Махачкала, учествуваа двајцата синови на началникот на округот Сергокал во Дагестан, Магомед Омаров: Осман и Адил Омаров – оваа информација ја потврди изворот на агенцијата „ТАСС3.

Омаров прво поднесе оставка, по што беше приведен.

Според информациите, Магомед Омаров претходно бил началник на полицијата.

– Милитантите кои извршија напади во Махачкала и Дербент се поддржувачи на меѓународни терористички организации. Во текот на истрагата ќе бидат идентификувани нивните организатори, изјави соговорникот на агенцијата ТАСС.

Слични содржини