Ова важи особено за САД и Русија

од desk3
82 прегледи

 

Опасно: земјите кои поседуваат најмногу атомски оружја ги намалуваат премногу бавно своите арсенали, додека инвестираат милијарди во модернизацијата на смртоносно оружје. Ова важи особено за САД и Русија-пишува DW.

0,,16997256_303,00
Земјите кои поседуваат најмногу атомско оружје, напредуваат премногу бавно со разоружувањето, а во исто време инвестираат милијарди во модернизацијата на своите арсенали. Ова важи особено за Русија и САД, кои заедно поседуваат над 90% од сите атомски оружја во светот, се вели во извештај на Стокхолмскиот институт за истражување на мирот СИПРИ.

А друго ветија

“Амбициозниот план за модернизација на оружените арсенали на САД, поднесен од Владата на Обама е во остар судир со ветувањето на претседателот да го намали бројот на атомски оружја и да ја ограничи нивната улога во американската стратегија за безбедност”, вели експертот од СИПРИ Ханс Кристенсен. Според цитираниот план, меѓу 2015 и 2024 година земјата сака да вложи скоро 306 милијарди евра во атомските арсенали. А според договорот “New START”, кој влезе во сила во 2011 година, Русија и САД треба да ги намалат стратешките нуклеарни оружја до најмногу 1 550.
“И покрај намалениот број атомски оружја, изгледите за вистински напредок во насока кон атомско разоружување се премногу мрачни”, вели експертот од СИПРИ Шенъо Кајл. Додека Кина е зафатена претежно со модернизацијата на своите арсенали, Индија и Пакистан се вооружуваат активно. Проценките на СИПРИ за се дека Северна Кореја најверојатно има произведено 10 атомски боеви глави, а Израел располага со околу 80.

Индипендент: Прашања по новото масовно убиство во САД

 

Девет земји – САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја – имале во почетокот на оваа година со 4 100 ракети со атомско оружје и со близу 15 400 атомски боеви глави.

Оружје made in Germany

Специјализираната издавачката куќа “Jane’s” исто го објави својот годишен извештај за вооружувањето во светот. Од него, станува јасно дека минатата година Германија била третата во светот извозник на оружје по САД и Русија. Германските фирми продале оружје во вредност од 4,2 милијарди евра – без да се бројат трансакциите за лесно оружје и за муниција. Речиси една третина од овие оружја биле наменети за кризниот зона во Блискиот Исток и Северна Африка. Најмногу оружје купила Саудиска Арабија, проследена со Алжир, Египет и Катар.

Во оваа 2016 година Германија најверојатно ќе остане на четвртото место на оваа листа, но тоа не значи дека земјата го намалува својот извоз. Напротив: се очекува дури дека вкупната сума ќе се зголеми. Благиот пад на листата се должи повеќе на околноста дека Франција ја “оживува” својата индустрија за оружје, велат авторите на извештајот. Според нивните пресметки, оваа година францускиот оружен извоз ќе изнесува најверојатно 6 милијарди долари.