Карла била на 12 години, кога еден нејзин чичко и ветил дека ќе ја направи принцеза и таа побегнала од родителите
Карла била на 12 години, кога си мислела дека ја има добиено љубовта на својот живот. Постариот маж и ветил дека ќе и го даде светотпод нозете, и ветил љубов, и и кажал дека таа е неговата принцеза. Карла верувала дека може да избега од домот на родителите и да тргне во животот со саканиот. Тоа била нејзината најголема грешка во живот.Овој човек кој бил маж од соништата во очите на едно дете, се испоставило дека е макро. Тој се занимавал и собирал многу млади девојки како Карла! И рекол на девојката дека од сега па натаму таа треба да биде за него на улица, а работата ќе и биде проституција Потоа брутално ја удрил Карла, оставајќи и и белег на нејзиното лице и сериозно ја повредил. Потоа ја зел девојката со него во неговиот роден град во Мексико – град полн со макроа! Таму тој ја продал Карла. Девојката била во состојба на длабок шок. Од 10 наутро до полноќ, Карла требало да биде со клиенти. Секој ден, во текот на четири години. Таа требало да има 30 клиенти на ден или повеќе.Тие биле униформирани полицајци, работници, политичари. На 16, конечно дојде и крајот на маките на Карла. Таа била ослободена од организација на волонтери.
Во меѓувреме Карла направила ужасна пресметка. Пред ослободувањето, таа била принудена да има секс повеќе од 43 200 пати. Принуда, и силувања. Една незамисливи и страшна бројка за неполнолетната Карла . Сепак трагедијата да е поголема тоа не е изолиран случај. Над 2 милиони деца во светот живеат во ситуации како оваа на Карла. Единствената грижа е на волентеррските организации на кои повремено им успева да ослободат некои од децата од канџите на макроата, сепак оние кои можат да го решат проблемот замижуваат..
