Со објавувањето на најновиот филм „Барби“, цел свет повторно полуде по познатата кукла, а многумина заборавија дека во осумдесетите, позната пејачка од регионот има своја верзија на Барби.
Администраторите на Инстаграм профилот „Музеј Југославија“ објавија фотографија од куклата на Лепа Брена. Иако не беше оригинална, денес оваа кукла вреди многу.
„Додека целиот свет лудува по новиот филм Барби, ние од колекцијата избираме барбика направена по ликот на Лепа Брена. Овој производ со ликот на познатата пејачка е продуциран заедно со албумот ‘Боли ме уво за све’, кој е и саундтрак на филмот ‘Хајде да се волимо 3 – Удаје се Лепа Брена’ од 1990 година. Иако беше изоставен од актуелниот филмски спектакл, Музејот е тука да ја исправи неправдата и да потсети на овој важен југословенски придонес за Барбиленд“, напишаа со хумористичен тон.
Во коментарите многумина се сетија дека имаат токму ваква кукла, а некои коментираа дека се разочарале кога ја добиле бидејќи оваа кукла воопшто не личи на Лепа Брена.