Оваа држава им дозволи на граѓаните да собираат дрва во шума за огрев

од Stefanija Kuzmanovska
275 прегледи

Полските власти соопштија дека граѓаните можат да бараат огревно дрво во локалните шуми, со цел да се намали потрошувачката на енергија, чија цена продолжува да расте.

Така, на граѓаните им се дава дозвола да собираат гранки од шумите поради зголемените трошоци за енергија. Властите во Варшава им дозволија на граѓаните да бараат огревно дрво во шумите за да ги загреат домовите поради зголемените трошоци за енергија. Да потсетиме, Полска се најде сред недостиг на јаглен по забраната за увоз од Русија.

„Секогаш е можно, со согласност на шумарите, да се соберат гранки за огревно дрво“, изјави заменик министерот за клима и енергетика Едвард Сијарка.

Инфлацијата во Полска сега е на речиси 14 отсто, а цените на горивата се зголемија на повеќе од 1,87 долари за литар.

Владата на премиерот Матеуш Моравјецки ја обвинува војната во Украина за зголемување на трошоците, нарекувајќи ја „Путинфлација“.

Слични содржини