Оваа држава нуди повеќе од 100 милиони долари на луѓето кои ќе се вакцинираат пред 15 јуни

од Stefanija Kuzmanovska

Калифорнија ќе понуди 116,5 милиони долари во готовина и картички за подароци на жителите вакцинирани против коронавирус пред 15 јуни, најновиот и најпрофитабилен поттик на американските држави кои се очајни да ги убедат скептиците да се вакцинираат.

Потегот на демократскиот гувернер Гавин Њусом е дел од обидот насочен кон поттикнување на вакцинацијата, така што државата ќе може целосно да ја отвори својата економија на 15 јуни.

Жителите на Калифорнија кои ќе бидат вакцинирани пред тој датум ќе влезат во своевидна лотарија, а меѓу нив, десет ќе освојат награда од 1,5 милиони долари, а 30 од нив ќе добијат по 50.000 долари. Исто така, првите два милиони вакцинирани заклучно со четврток ќе добијат картички за подароци од 50 долари.

Слични содржини