Оваа политичарка е најпосакуваната жена во Данска – доби понуда и од „Плејбој“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
313 прегледи

Политичкиот коментатор, модел и ријалити ѕвезда Никита Клаеструп е една од најпознатите јавни личности во Данска.

Покрај политичкиот живот, Никита е активен член и во светот на модната индустрија, а голем пресврт во кариерата направи во 2015 година кога од конзервативната Young Conservatives премина во либералната партија Liberal Alliance. Јавноста од тој момент будно ја следи, а нејзините профили на социјалните мрежи се „преполни“ со коментари на бројни следбеници.

Треба да се напомене дека Никита еднаш доби понуда од магазинот „Плејбој“ за фотосесија. Веста одекна како бомба, а странските медиуми потоа верно го чекаа нејзиниот одговор.

„Секако дека ме заинтересира понудата на уредникот на едно толку угледно списание“, објаснила таа во една прилика за данските медиуми.

Конечно, оваа политичка коментаторка беше избрана за најубава жена во 2013 година од таблоидот „Екстра Бладет“.

Слични содржини