Џесика Џексон се плашела од височини кога првпат ја започнала својата работа како сервисер на турбини на ветер, но сега поголемиот дел од деновите ги поминува работејќи на многу големи височини.
Џесика (37) е техничар во Вестас, производител на ветерни турбини, во округот Би, Тексас, и заработува 73.000 долари годишно.
Качувањето на кулата на турбината на ветер „не е толку страшно како што мислите“, вели таа. Највисоката турбина на ветерниот парк на кој работи Џексон е на околу 350 стапки над земјата. Нејзе ѝ се потребни помалку од 10 минути за да го достигне врвот.
„Кога сте таму горе, можете да ги видите најдобрите глетки: гледајќи ги птиците како летаат, орлите, јастребите“, вели Џесика. „Можете да ги видите авионите како летаат. Можете да гледате се до онаму каде што достигнува вашиот поглед. Убаво е.”
Таа има една од најопасните работи во светот. Одделот за труд известува дека поправачите на турбини на ветер имаат една од највисоките стапки на повреди и болести од која било професија.
Тоа е, исто така, најбрзо растечката работа во САД, при што се очекува вработувањето во секторот речиси двојно да се зголеми во текот на следната деценија.
„Работата на ова поле е напорна, но се наградува“, вели Џексон. „Го сакам она што го работам, па не ми изгледа како работа“.