Овчарот се бори за живот, ќе се утврдува одговорност за драмата со спасувачката мисија  во Кратовско

од Берта Китинска
426 прегледи

Шеесет и три годишниот овчар од Кратовско, кој на импровизирани носила од непристапен и завеан терен бил донесен во болницата во Штип е во кома, со крварење во мозок.

Градоначалникот на Кратово Љупчо Бојаџиев вели дека кренал телефон на барањето да обезбеди трактор договорил возило Џип од здравствениот дом. Ситуацијата не била за хеликоптер.

Директорот на ЦУК изјави дека ако лекарите побараа хеликоптер за завеаниот овчар, ќе им обезбедел.

„Нашиот оперативец веднаш се јавил во полицијата и го известил надлежното лице. За жал во полицијата немале соодветно теренско возило со кое би можеле да стигнат на местото, но се понудиле да отидат неколку посилни полицајци кои би помогнале во извлекувањето“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Претседателот Стево Пендаровски, рече дека немало никакво барање до Армијата за да помогне со хеликоптер во спасувачката акција на завеаниот овчар.

„Тоа е една поразителна и трагична приказна за сите нас како држава“, изјави Пендаровски.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров овој случај го искоментира на Фејсбук нагласувајќи дека на државате треба да се забрани фразата: не сме надлежни.

„Фрапиран сум од оваа ноншалантна демонстрација на префрлање на одговорност. Мислам дека во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни“, напиша Димитров.

За случајот преку својот Фејсбук профил информираше доктор Павле Зафиров, кој детално го раскажа целото патешествие.

 

 

Слични содржини