226
Чоколадна овесна каша со бадеми за почеток на новиот ден.
Состојки:
– 3 лажици овесни снегулки
– 2 дл млеко
– 50 гр сечкана чоколада
– малку ленено семе
– мелени препечени бадеми
– мед по вкус
Подготовка:
Сварете го млекото и додадете овесни снегулки. Мешајте додека масата не се згусне.
Потоа додадете сечкана чоколада, ленено семе и мелени препечени бадеми.
Посипете сè со мед и послужете.