Познатиот руски астролог Павел Глоба неодамна откри дека два знака од средината на септември до крајот на есента ги очекува невообичаено поволен период.
Глоба е истакнат астролог во поранешните советски држави и јавноста сака да го следи, особено затоа што често дава најразновидни и детални астро-прогнози.
Рак
Од 15 септември наваму ве очекува период на промени. Можно е да се соочите со проблеми, особено на работа, но не гледајте на ова како казна, туку како можност!
Глоба истакнува дека Раковите ќе ги надминат овие предизвици со снаодливост и истрајност и ќе ги претворат во свој голем успех.Целата ваша напорна работа ќе биде наградена.До крајот на октомври можете да очекувате унапредување или зголемување на платата на вашето работно место. Вака или онака, салдото на банкарската сметка на Ракот во голема мера ќе се подобри.
Риба
Рибите, пак, имаат среќа на љубовно поле! Доколку сте соло во наредните недели,ве очекува судбоносна средба која ќе ви го обои животот со нови бои.Ова познанство најверојатно ќе се претвори во страсна романса која ќе ви донесе искрено задоволство.
Рибите кои веќе имаат семејство или партнер ќе ја подобрат својата врска и ќе ја подигнат на повисоко ниво со многу повеќе топлина, доверба и разбирање, пренесува Novi.ba.