Овие пет болести ги наследуваме од родителите, како да се намали ризикот

од Milan1
218 прегледи

Секој човек има два сетови на гени, еден од мајката и еден од таткото. Гените се состојат од ДНК, наследниот материјал кај луѓето и другите организми. Покрај физичките карактеристики, гените се одговорни и за некои здравствени состојби кои луѓето ги наследуваат од своите родители.

Ова се некои од најчестите наследни здравствени состојби според Националниот центар за биотехнолошки информации на Националната медицинска библиотека на САД, пренесува „Tenet Health“.

Срцеви заболувања: Не изненадува фактот што срцевите заболувања се дел од оваа листа, со оглед на тоа дека тие се водечката причина за смрт во САД. Најчестите типови на наследни срцеви заболувања се коронарна артериска болест (КАБ) и хипертензија или висок крвен притисок. КАБ е предизвикана од акумулација на наслаги и холестерол на внатрешните ѕидови на артериите. Тоа влијае врз протокот на крв и кислород во срцето.

КАБ со текот на времето се влошува и претставува една од водечките причини за срцев удар во САД. Од друга страна, висок крвен притисок се јавува кога срцето работи премногу напорно за да ја „протурка“ крвта низ вашите артерии. Како да се намали ризикот? Ако имате родители со срцеви заболувања, може да имате зголемен ризик од развој на овие болести, меѓутоа можете да го намалите ризикот или барем правилно да управувате со симптомите. Некои промени во животниот стил кои можат да помогнат: вклучуваат здрава исхрана, редовно вежбање, одржување здрава тежина, ограничување на консумацијата на алкохол, избегнување на пушењето и редовни лекарски прегледи.

Астма: Астмата е белодробна болест предизвикана од поттикнувачи како што се алергии, загадувачи на воздухот, чад, мувла, животни итн. Луѓето кои имаат астма може да се соочат со периоди на стегање во градите, кашлање, и отежнато дишење.

Како да се управува со симптомите? Ограничување на изложеноста на поттикнувачите е најдобриот начин да се избегнат симптомите на астмата. Исто така, лицата кои боледуваат од астма секогаш мора да ги имаат лековите при рака во случај неочекувано да се појават симптоми на болеста.

Дијабетес: Еден од 13 луѓе во САД има дијабетес. Тоа може да биде предизвикано од генетски фактори, фактори на животната средина и како и начинот на живот. Без разлика дали се работи за дијабетес тип 1 или тип 2, тоа е хронично заболување кое мора рано да се открие и третира бидејќи може да доведе до сериозни компликации како слепило, ампутација, срцеви заболувања и откажување на бубрезите.

Како да се намали ризикот? Децата на луѓето со дијабетес имаат поголема веројатност да ја добијат болеста. Сепак, можете да го намалите ризикот или подобро да управувате со симптомите, консумирајќи помалку шеќер и маснотии, одржувајќи здрава тежина, редовно вежбање, избегнување на стресни ситуации и редовни лекарски прегледи.

Едногенетски или моногени заболувања: Нарушување со еден ген претставува специфичен ген кој ја предизвикува болеста. Постојат повеќе од 6.000 индивидуални генетски нарушувања и нивните симптоми варираат на многу начини. Некои нарушувања од еден ген можат да се идентификуваат веднаш штом ќе дојде до бременост или раѓање, додека други може да не се дијагностицираат до повозрасни години. Ваквите нарушувања може да се пренесат дури и кога мајката и таткото на лицето не покажуваат никакви симптоми.

Како да се намали ризикот? Доколку знаете дека постои едно генетско нарушување во вашето семејство, разговарајте со вашиот лекар за да може да ве упати кај специјалист. Во спротивно, можете да побарате тест или преглед за да утврдите дали боледувате од наведеното нарушување.

Рак: Ракот доаѓа во многу форми. Тоа е предизвикано од неконтролиран раст и ширење на абнормални клетки во одредени делови од телото. Покрај начинот на живот, гените и факторите на околината исто така придонесуваат за појавата на рак. Некои од најчестите видови на рак вклучуваат рак на белите дробови, дојката и простатата. Ракот на белите дробови доведува до најголем број смртни случаи од рак кај мажите и жените во САД.

Како да се намали ризикот? Ризиците и симптомите варираат во зависност од видот на ракот. Општо земено, ризикот може да се намали со практикување на здрава исхрана, редовно вежбање, избегнување на пушењето, ограничување на консумацијата на алкохолот и рутинските здравствени прегледи.

Слични содржини