Овие се условите кои треба да ги поседува секоја заинтересирана авиокомпанија

од Radmila Tasevska
277 прегледи

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната прес-конференција за нови авиолинии ги истакна и условите кои треба да ги поседуваат заинтересираните авиокомпании.

Сите заинтересирани авиокомпании за учество на повикот треба да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на ЕУ, согласно прописите за издавање уверение за работа на авиопревозници, да имаат превезено најмалку 10 милиони патници и остварен профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година. Исто така да достават изјава заверена на нотар за дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка.

-Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, број на седишта понудени на продажба. Ќе се доделува финансиската поддршка од седум евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје и од 4,5 евра во денарска против вредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид, информира Бочварски.

Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје, не треба биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони од и до Скопскиот аеродром. Истото важи и за новите дестинации од Охридскиот аеродром за кои ќе се додели финансиската поддршка.

Авиопревозникот кој ќе биде избран да користи субвенции е должен секоја нова дестинација воспоставена од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува финансиската поддршка, да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање. да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, а на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт и врски за своето работење.

Слични содржини