Овие три апликации се најкорисни во случај на земјотрес, не би било лошо да ги инсталирате

од Nikola Popovski
401 прегледи

Во екот на разорните земјотреси што ги погодија и во голема мера ги опустошија турските и сириските градови, ви пренесуваме детали за некои апликации кои нудат предупредувања за земјотреси.

Додека Android има посветена услуга за земјотреси, iPhone и iOS се потпираат на локални услуги и нудат опција за дигитален потсетник поврзан директно со државната сеизмолошка асоцијација.

Подолу се три од најдобрите апликации за вакви и слични предупредувања:

LastQuake

LastQuake, за iPhone е бесплатна апликација посветена на информации и собирање изјави во реално време. Оваа официјална алатка на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) е дизајнирана од сеизмолозите.

Благодарение на активното учество на голем број корисници, на ESMC му требаат само неколку минути за да го процени влијанието на земјотресот и потоа да ги извести граѓаните.

LastQuake, покрај информациите во реално време, нуди пристап до коментари, фотографии и видеа на сведоци, нуди можност за споделување информации преку социјалните мрежи, СМС услуга која може да ги извести најблиските, како и совети како да се однесуваат по земјотрес.

Earthquake Network

Earthquake Network е сеопфатна апликација за земјотреси и за многу земји е единствениот систем за предупредување.

Оваа апликација нуди известувања во реално време доколку живеете во близина на епицентарот, предупредува секунди пред земјотрес доколку живеете далеку од епицентарот и сите други карактеристики што би ги очекувале.

My Earthquake Alerts – US & Worldwide Earthquakes

My Earthquake Alerts обезбедува информации за земјотреси, а она што го издвојува, покрај едноставниот дизајн оптимизиран за iPhone, е тоа што има база на податоци за земјотреси од 1970-тите.

Оваа, како и сите други апликации од овој тип, се исто така бесплатни за користење.

Кога станува збор за Android, оваа платформа има иновативен систем кој стапи во употреба уште во 2020 година. Системот на Google, наречен ShakeAlert, е создаден во соработка со Геолошкиот институт на САД.

Можете да го активирате со одење до поставките на телефонот, каде што ќе изберете локација, потоа услуги за локација и на крајот опцијата „Предупредувања за земјотреси“. Ако веќе не е активирана, означете ја како активна.

Слични содржини