Три хороскопски знаци ќе имаат бројни можности да генерираат дополнителни приходи наредниот месец, но им се советува да внимаваат на трошоците.
Девица
Мај носи предизвици, но вашата организација ве спасува. Фокусирајте се на редовните задачи без да брзате. Финансиите може неочекувано да се зголемат, особено ако имате некое хоби кое се претвора во бизнис. Семејството ќе ви биде поддршка, а домот ќе ви биде безбедно засолниште. Бидете внимателни во љубовта – не влегувајте во ризични авантури. Здравјето стабилно.
Овен
Мaј ќе бара од вас да бидете особено смирени, што не е лесно за темпераментниот Овен. Сериозен деловен напредок и финансиски придобивки ќе можат да постигнат само оние кои ќе успеат да ги контролираат своите емоции и да ја задржат ладна глава. Рутината на работа веќе нема да дава резултати, време е да бидете иновативни. Можни се ненадејни трошоци поврзани со домот, но нема да бидат голем проблем. Се отвораат нови поглавја во љубовта – подготвени сте за сериозна врска и ветувачка романса. Наместо строги диети, изберете балансирана исхрана и запомнете дека телото бара нежност, а не казна.
Лав
Независноста е вашата силна страна, но овој месец успехот доаѓа преку соработка. Колегите ќе бидат клучот за вашиот успех, а вашата харизма ќе го движи тимот. Успешниот проект носи признание и финансиска награда. Семејните прашања доаѓаат во фокус, а неочекуваната посета на роднините може пријатно да ве изненади. Во љубовта – преземете иницијатива. Добро здравје, но не го занемарувајте.