Тајната на добриот изглед на Салма Хајек е во генетиката, внимателно дизајнирана рутина за нега, но и корисна, здрава навика. Благодарение на тој „еликсир на младоста“, таа сè уште одолева на сите естетски зафати! Актерката секое утро пие пијалок, кој се состои од 4 намирници кои се достапни за секого!
Нејзиниот домашен сок ја прави кожата сјајна, но има и здравствени придобивки за телото и организмот.
Рецепт за сокот на оваа холивудска убавица
Витамин Ц – Селма во својот рецепт користи свежи портокали. Тие се добар извор на витамин Ц, го зајакнуваат имунитетот и влијаат на варењето.
Куркума – Во сокот од портокал додава куркума која благотворно делува на организмот, но и на убавината.
Бибер – Актерката изјавила дека во сокот додава малку бибер, бидејќи му помага на телото побрзо да ја апсорбира куркумата. Покрај тоа, овој зачин го забрзува метаболизмот.
Кучешки трн – Растение кое е богат извор на витамин Ц и витамин Б12. Содржи и многу колаген, но и го поттикнува телото да го произведува, па јасно е зошто има регенеративно дејство на кожата, косата и ноктите.