Овој училишен масакр бил инспирација за убиецот од Прага? Во страшниот напад убиени 17 лица

од Radmila Tasevska

Убиецот од Прага, кој го изврши масакрот на Универзитетот, најверојатно инспирацијата за ова злосторство ја добил од минатогодишниот масакр во руско училиште, соопшти чешката полиција.

„Имаме свежи информации, кои не се проверени, од профил на социјална мрежа дека требало да биде инспириран од напад што се случи минатата есен во Русија“, изјави началникот на полицијата.

Да потсетиме, на 26 септември минатата година при пукање во училиште во Ижевск, Русија, беа убиени 17 лица, од кои 11 деца, а повеќе од 20 лица беа ранети.

Нападот се случил рано наутро во училиштето број 88, а напаѓачот, поранешен ученик на тоа училиште Артем Казанцев (34), се самоубил по крвавиот чин.

Тој ден, околу 10 часот по локално време, вооружен влетал во училиштето, убил двајца чувари кои се обиделе да го спречат, а потоа влетал во училница и почнал да пука, по што се самоубил.

Слични содржини