ОВОЈ ЗВУК МОЖАТ ДА ГО ЧУЈАТ САМО МЛАДИТЕ: Видео за тестирање на слухот

од Stefanija Kuzmanovska
412 прегледи

Чувството на слух, како и сетилото за вид, станува сè послабо со возраста, но секако не слабее кај сите со иста брзина. Значи, некои во подоцнежните години слушаат прилично добро, а некои помлади не слушаат многу добро.

Она што е интересно е дека „возраста“ на сетилото за слух не мора да одговара на нашата биолошка старост, но со помош на ова видео можете барем приближно да процените колку се „стари“ вашите уши.

Се разбира, видеото не може да го замени вистинскиот, медицински преглед на сетилата за слух, туку е направено од забава и љубопитност и може да ви помогне да разберете дали треба да одите на преглед на слухот.

На почетокот на снимката се слуша звук од 17.000 херци што може да го слушнат само луѓе кои имаат 24 години или помлади.

Подоцна во видеото (од 1:14) можете да го проверите вашиот слух – звукот од 22kHz треба да го слушнат оние на возраст од 18 години или помлади, од 21kHz 20 години и помлади, од 20kHz 24 години и помлади, звукот од 16kHz може да го слушнат помлади луѓе од 30 години, 15kHZ луѓе од 39 години и помлади.

Слични содржини