323
Колач кој лесно се подготвува и е многу вкусен.
Состојки:
– 4 јајца
– 170 гр шеќер
– 150 мл масло
– 150 мл сок од портокал или ананас
– 1 прашок за пециво
– 1 ванилин шеќер
– 320 гр брашно
– 300 гр овошје по желба
– шеќер во прав за посипување
– 40 гр листови бадем
Подготовка:
Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.
Јајцата и шеќерот се матат додека се растопи целиот шеќер, па се додаваат маслото, сокот и полека сите останати состојки освен овошјето. Матете додека се убаво не се соедини.
Истурете го тестото во подмачкан калап, а потоа распоредете ги листовите бадем и овошјето. Печете околу 25 минути.
Изладениот колач посипете го со шеќер во прав.