Овошна овесна каша

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Овошна каша, секогаш добар предлог за појадок.

Состојки:

(за 2 лица)

– 4 лажици овесни снегулки

– 1 лажица чиа семе

– 1 банана

– една рака овошје по желба, може и мешавина

– 5-6 бадеми

– 1-2 лажици мед

– 2 dcl вода

– прстофат сол

Подготовка:

Чиа семето потопете го во малку вода, најдобро е да го оставите подолго, но може и до 20 минути, доколку немате повеќе време.

Во блендер измешајте половина банана со половина од овошјето.

Оставете ја водата да зоврие, а потоа додадете ги овесните снегулки и малку сол.

Гответе и мешајте со дрвена лажица непрекинато неколку минути.

Кога ќе згусне, тргнете го од шпорет и додадете го мешаното овошје, медот и чиа семето.

Истурете во чинии, додадете го преостанатото овошје и сечканите бадеми.

Слични содржини