Овошни бомбици со кокос

од Stefanija Kuzmanovska
273 прегледи

Деликатес од само четири состојки, готов за 15 минути.

Состојки:

– 500 мл слатка павлака

– 400 гр бело чоколадо

– 300 гр кокос

– неколку лажици џем од кајсии

Подготовка:

Белата чоколада ситно исецкајте ја или изрендајте ја.

Загрејте ја слатката павлака додека не зоврие, па прелијте ја врз белото чоколадо. Мешајте додека целосно да се растопи чоколадото.

Во смесата со слатката павлака и чоколадо додадете кокос и неколку лажици џем од кајсии.

Добро измешајте и ставете го во фрижидер за смесата да се стегне доволно за да се обликува.

Обликувајте ги топчињата со лажичка така што секое да биде со иста големина.

На крај секое топче извалкајте го во кокос.

Слични содржини