Ози Озборн: Пукав во животни за да не полудам

од Vladimir Zorba
526 прегледи

Американската јавност остро го критикуваше музичарот Ози Озборн (72), откако откри дека убивал животни во неговата градина со пушка за време на „локдаунот“.

Според Озборн, кој има проблеми со Паркинсонова болест, неговото лошо целење е виновно за сè.

Тој даде интервју во кое се обиде да го објасни своето однесување.

– Направив многу глупави работи, но сите учиме од сопствените грешки.

Како што вели, пукањето во животни му помогнало да не полуди за време на „заклучувањето“.

– Ми помага, затоа што кога сум дома се грижам дека повеќе нема да можам да одам. На почетокот, не знаев ни како да пукам, а сега има мртви мачки и птици секоја минута – објаснува фронтменот на „Блек Сабат“.

Иако е познат како љубител на животни, рокерот и претходно имал неколку инциденти.

Во 1981 година, тој шмркал мравки на турнеја откако го употребил целиот кокаин, а во 1982 година, за време на настап, одгриза глава на лилјакот.

Слични содржини