199
Во Технолошко-индустриската развојна зона – Скопје 2 денеска ќе биде означен почетокот на изградбата на првата јужнокорејска инвестиција во земјата.
На настанот присуствува премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, директорот на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.
Станува збор за нова инвестиција која се реализира со заедничко вложување на „Дура аутомотив системс” од САД и јужнокорејската „Алмак“, во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија.