Означен стартот на сообраќање на новата редовна линија Скопје–Љубљана

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Со коктел-забава како изненадување и мали подароци за патниците во заминување на првиот лет, ТАВ синоќа на Меѓународниот Аеродром Скопје го означи стартот на сообраќање на новата редовна линија СкопјеЉубљана, на Wizz Air.

ТАВ ја прославува оваа одлична пригода – воведувањето на новиот лет на Wizz Air на релација Скопје – Љубљана – Скопје. За оваа авиолинија имаше голема побарувачка, со оглед на тоа што има многу деловни патници, студенти и македонски иселеници кои често патуваат меѓу двата града, а речиси 4 години, од 2019 година досега, немаше директна авиоврска меѓу Скопје и Љубљана. Среќни сме што Wizz Air го препозна ова барање и веруваме дека нивните услуги ќе ги задоволат потребите на нашите патници. Воведувањето на оваа нова рута, исто така, ќе им служи и на рекреативните патници и ќе ги зајакне нашите врски со Словенија. Љубљана, со своето богато културно наследство и енергична атмосфера, беше мошне очекувана дестинација за патниците од Скопје. Би сакал да изразам искрена благодарност до WIZZ за нивната одлука да ја додадат оваа рута од нивната база во Скопје, со што ќе се зајакне регионалната поврзаност. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на патниците на скопскиот аеродром, да обезбедиме беспрекорни аеродромски услуги и да создадеме трајни спомени при нивните патувања“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Со оваа нова рута, патниците од Скопје сега имаат пристап до шармантниот главен град на Словенија, Љубљана. Позната по својот живописен стар град, богатата историја и енергичната културна сцена, Љубљана брзо стана дестинација која мора да се посети во Европа.

Првиот лет од скопскиот аеродром до Љубљана полета вчера, среда, 27-ми септември.

Слични содржини