Големата дупка во озонската обвивка над Арктикот може да порасне уште повеќе на пролет, кога студеното време се комбинира со зголемената сончева светлина и загадувачите во воздухот, објави “Дејли мејл”.

Озонската дупка над канадската Северна поларна област веќе е околу 3 милиони квадратни километри – приближно колку Гренланд.
Специјалистите очекуваат таа да се прошири уште напролет, кога сонцето ќе се врати во регионот по долгата и темна зима. Поради рекордно ниските температури во горната атмосфера можат да се зголемат хемикалиите кои ја уништуваат озонската обвивка.
Д-р Маркус Рекс, специјалист во институт во Потсдам, стравува дека наскоро една четвртина од арктичкиот озон може да биде уништен.
Германските научници признаваат дека не можат да го прогнозираат развојот на поларниот вител, но ако тој не се растера, озонската дупка може да достигне дури до Централна Европа.