Пјонгјанг затворен на пет дена поради неодредено респираторно заболување

од Radmila Tasevska
234 прегледи

Главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, е затворен на пет дена поради неодредено респираторно заболување, објавија денес јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на известување од севернокорејската влада.

Во соопштението на севернокорејската влада не се споменува Ковид-19, но се вели дека жителите на Пјонгјанг мораат да останат во затворени простории до крајот на неделата и да се подложуваат на температурни проверки неколку пати на ден, според јужнокорејскиот Ан-Ка њуз, како што објави Ројтерс.

Според истиот извор, населението прави залихи бидејќи се очекува да се воведат построги мерки.

Слични содржини