Тензии во Жолтото Море: Сеул одговори на нападот на Пјонгјанг

од Stefanija Kuzmanovska

Вооружените сили на Јужна Кореја одржаа вежби за гаѓање како одговор на севернокорејскиот напад на островите Јеонпинг и Бангнингдо, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на соопштение на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Во соопштението се истакнува дека во вежбите учествувале поморски единици стационирани на овие острови. Јужнокорејската страна користела самоодни хаубици К9.

Претходно, Северна Кореја истрела повеќе од 200 артилериски гранати во Жолтото Море, во близина на поморската граница со Јужна Кореја.

Нема пријавени жртви меѓу јужнокорејските цивили или војската. Гранатите паднале северно од северната гранична линија, која Сеул ја смета за поморска граница во Жолтото Море.

Претходно, на барање на јужнокорејската армија, овие острови беа евакуирани.

Неодамна, јужнокорејскиот воен портпарол Ли Сунг-Јун предупреди дека Југот ќе преземе „соодветни мерки“ како одговор на дејствијата на Северот, додавајќи дека јужнокорејската војска, во соработка со американската војска, внимателно ги следи движењата на Северна Кореја долж нејзините брегови.

Слични содржини