178
Регионот Киев, вклучително и самиот главен град на Украина, се соочува со дефицит од 30 отсто во капацитетот за производство на електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура во текот на ноќта, објави денеска регионалниот гувернер Олексеј Кулеба.
„Синоќа непријателот ги оштети објектите на енергетската инфраструктура на нашиот регион. Голем број објекти од клучно значење беа оневозможени“, наведе Кулеба.
Русија во последните неколку недели ги засили нападите врз клучната инфраструктура на Украина, вклучително и електричната мрежа, оставајќи неколку милиони луѓе без струја и греење.