Во првата половина на јуни, Хрватска забележа пад од 83 отсто од туристичките пристигнувања и 82 отсто за ноќевања на туристи во однос на истиот период минатата година, пренесува порталот „Индекс.хр“, повикувајќи се на информации кои ги добил од Хрватската туристичка агенција.

Според овие податоци, од 1 до 14 јуни 2020 година, во Хрватска имало 215.720 пристигнувања и 1.033.509 ноќевања, додека во периодот од 3 до 16 јуни минатата година имало 1.307.090 пристигнувања и 5,689,451 ноќевања.
Причината за огромниот пад е, како што се наведува, пандемијата на коронавирус.
Угостителството бележи пад од 575 милиони евра, за разлика од првата половина на 2019 година.
Најголем број туристички пристигнувања се реализираа минатиот викенд, благодарение на продолжениот викенд.