ПАД ПОСЛЕ ОГРОМНИОТ РАСТ: Се намали вредноста на биткоинот

од Nikola Popovski
336 прегледи

Вредноста на биткоинот денес изгуби 18,72 проценти и падна на 32 902 долари, во 2:15 часот по источноамериканско време.

 

Вредноста на биткоинот достигна 40 000 американски долари пред три дена, што беше ново рекордно ниво на сите времиња, а пазарната капитализација на биткоинот достигна една милијарда долари за прв пат во историјата.

 

На 2 јануари, вредноста на Биткоинот ја надмина вредноста од 30 000 долари за прв пат, а само неколку недели порано, таа криптовалута за прв пат достигна 20 000 долари.

 

Минатата година, цената на биткоинот скоро се зголеми за четирипати, достигнувајќи ниво над 29.000 американски долари.

 

Инвестициската банка „ЈПМорган“ објави храбра долгорочна прогноза за целната цена на биткоинот во понеделникот, тврдејќи дека оваа криптовалута може да се искачи на дури 146 000 долари, натпреварувајќи се со златото како „алтернативна“ валута.

Слични содржини