Падна „Балканскиот картел“: На колумбиско пристаниште запленети 2,3 тони кокаин

од Nikola Popovski
232 прегледи

Во рамки на големата акција на колумбиската национална полиција, со поддршка на Обвинителството, откриени се 2,3 тони кокаин во контејнер во колумбиското пристаниште Буенавентура, кој бил наменет за пристаништето во Ротердам. Според колумбиските медиуми, членови на „Балканскиот картел“ биле вклучени во транспортот на кокаинот. Полицијата добила дојава за транзит на контејнер во кој била скриена дрога на брод кој пловел од Еквадор.

При претрес и проверка на контејнерот на палубата пронајдени се 2.250 правоаголни пакувања, завиткани во ленти со различна боја, по што е откриено дека се работи за кокаин, тежок 2,3 тони, пренесува колумбиски портал.

Колумбиските медиуми тврдат дека кокаинот, доколку би бил доставен до пристаништето во Холандија, би вредел близу 80 милиони долари.

„Според информациите од истрагата, кокаинот бил во сопственост на организацијата „Клан дел голфо“ во соработка со европската транснационална шверцерска организација за трговија, позната како Балкански картел“, наведува порталот.

Да потсетиме, „Балканскиот картел“ е познат како криминална група составена од луѓе од земјите од поранешна СФРЈ и Албанија, а се работи за сериозна организација која има трансконтинентален карактер.

Слични содржини